Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Фото на денот

Прекрасна фотографија од манастирот „Св. Наум“ од Гонца Перунковска: Послушај како чука срцето на свети Наум

Охрид, 14. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охрид и околината и понатаму остануваат неисцрпна инспирација за креирање на неповторливи уметнички дела.

Дел се музички, сликарите често наоѓаат теми за своите дела токму во преубавиот Охрид, а најчесто тоа се фотографите, кои успеваат да ја „заробат“ неговата безвременска убавина.

Гонца Перунковска на својот профил на Facebook објави прекрасна фотографија со мотиви од манастирот „Св. Наум“, која плени со убавина и неверојатни бои.

– Послушај како чука срцето на свети Наум, напиша таа во описот на фотографијата.

Повеќе дела од Перунковска ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Гонца Перунковска

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука