Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Стружанец учествувал во сообраќајна незгода кај Грнчари, повредено едно лице

Струга, 15. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти април 2023 година, околу 18:15 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на првата крстосница за влез во ресенското село Грнчари, се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од страна на 18-годишниот Е.А. од ресенското село Асамати, и патничко возило марка „Киа“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот А.С. од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Е.А. констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Ресен, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука