Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Единаесет плажи на охридското крајбрежје летово ќе добијат шанкови

Охрид, 15. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека единаесет плажи на охридското крајбрежје летово ќе добијат шанкови, како решение на проблемот кој веќе две години беше оставен без разрешница е помеѓу најчитаните на Facebook профилот на OhridPress деновиве.

Станува збор за шанкови од природен материјал кои ќе зафаќаат површина од 8 до 10 метри квадратни, при што концесионерите во зависност од големината на плажите ќе можат да постават маси и столици на површина од 150 до 300 м2. Според градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, на овој начин ќе се премости вакум периодот додека се изработи Деталниот Урбанистички План за охридското крајбрежје. Шанковите ќе се издаваат по пат на јавно наддавање, а договорите ќе бидат со траење од 3 години, но во нив ќе има член за еднострано раскинување кој ќе се искористи по донесувањето на Планот за управување.

Читателите на OhridPress во најголем број ја поздравуваат одлуката со коментари дека беше крајно време да се стави ред во овој дел. Меѓу коментарите има и директни обвинувања за првиот човек на Охрид, градоначалникот Пецаков, но и сомнежи дека зад постапката само се крие законско покривање на отворањето на плажите. Генерално, граѓаните се комплетно свесни за проблемот и апелираат да се изнајде трајно решение кое ќе овозможи нормално функционирање на овој сегмент, по законски правила и норми за да добиеме репрезентативни угостителски објекти, според сите законски и еколошки стандарди. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука