Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Претседателот Пендаровски за Велигден во Охрид, денеска во посета на Пештани каде беше гостин на семејството Азески

Охрид, 16. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски ги поминува Велигденските празници во Охрид.

Денеска, на Велигден, тој беше во охридското село Пештани кај семејството Азески.

– Ви благодариме за срдечниот празничен прием. Ви посакувам празничните денови да ги поминете во радост и среќа, исполнети со хармонија и добра мисла, порача Пендаровски со христијанскиот поздрав Христос воскресна, Навистина воскресна.

Претходно, заедно со семејството, тој беше на света литургија во храмот „Свети Никола Чудотворец“ во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука