Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода во Центар Жупа, загина 31-годишен жител на струшко Враништа

Дебар/Струга, 17. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти април 2023 година, во 13:55 часот било пријавено дека на локалниот пат помеѓу селата Елевци и Евла, Центар Жупа, се случила сообраќајна незгода во која загина едно лице.

– Патничко возило марка „Фолксваген широко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 31-годишниот М.М. од селото Враништа, излетало надвор од коловозот. На местото на несреќата починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Дебар, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука