Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Британското шоу „This Мorning“ со директно вклучување од Охрид

Охрид, 18. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Најгледаната дневна телевизиска емисија „This Мorning“, која се емитува во Велика Британија имаше директно вклучување од Охрид и Скопје, како дел од репортажата за недопрените убавини на нашата земја која е „budget friendly“ за туристите.

Целта на ова патување е промоција на Република Македонија како дестинација погодна за туристите од Велика Британија, а како предност се земаат новите чартер летови од Лондон и Манчестер до Охрид и редовната линија со WizzAir од Скопје.

– TUI Activ веќе имаат активна кампања за нашата дестинација и промоција на активните форми на туризам и посета на локалните, рурални предели и мали семејни винарии. Британската јавна телевизиска мрежа ITV има широк опфат на публика, на нивните социјални мрежи имаат значителен број на следбеници, милион следбеници на Instagram, 2.5 милион следбеници на Facebook, 2.5 милиони следачи на YouTube, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ).

– Претстојнава сезона очекуваме стопостотно зголемување на туристите од Англија и ова претставува дополнителен мотив заедно со туристичкиот сектор да работиме кон остварување на целта за 2023 година, а тоа е 3.5 милиони ноќевања, истакна директорoт на АППТ, Љупчо Јаневски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: АППТ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука