Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Поради големиот интерес повторно ќе се игра театарската претстава „Мали vs ГОЛЕМ“ (Видео)

Охрид, 18. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поради големиот интерес кај публиката, повторно ќе се игра театарската претстава „Мали vs ГОЛЕМ“, со која, по шестмесечна работа, Детското драмско студио „ДрамаКидЗ“, неодамна се претстави пред охридската публика.

Репризата е закажана за сабота, 22-ри април 2023 година, со почеток во 20.00 часот.

Режијата на претставата е на Ирена Стеријовска, драматургијата на Кристина Тодороска- Петреска, а стручен сорботник е Зоран Левески. Светло мајстор е Борис Велјаноски, а ментори Зоран Пејкоски, Ѓорѓи Ризески, Филип Кипровски, Павел Маслов и Стрезо Стаматовски.

Билетите се продаваат во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид по цена од 100 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука