Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 18. степени

Охрид, 21. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 18. степени.

– Утре попладне ќе има локален пороен дожд со грмежи, а во недела ќе преовладува претежно сончево и топло време. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука