Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Св. апостоли Иродион, Флегонт, Ермо и други

Охрид, 21. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар) денеска е 8-ти март, денот кој православните верници го слават во чест на Св. апостоли Иродион, Флегонт, Ермо и други.

Покрај дванаесетте апостоли, Христос испрати и други седумдесетмина да ја проповедаат радосната вест за ослободувањето на човекот од неговата гревовна приврзаност кон земната прав. Меѓу тие 70-мина беа и апостолите што Црквата ги слави на денешен ден.

Иродион му беше роднина на апостол Павле. Тој и го спомнува него во едно од своите посланија. Иродион настрада од Евреите. Флегонт беше епископ во градот Маратон во Тракија, а Ермо во Далмација.

Покрај овие, денеска се слават и апостолите Руф, Агав и Асинкрит. (Крај)

извор: МПЦ-ОА/МИА фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука