Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Битиќи: Последните инфраструктурни проекти за автопатот Кичево-Охрид завршија лани, шест години се „шетале“ по канцеларии

Скопје/Охрид, 21. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Последните инфраструктурни проекти завршија минатата година, а истите шест години се „шетале“ по канцеларии, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за дебатниот магазин Click Plus на Тв21.

– Во повеќето од законските решенија за овие коридори, се застарени. Не се направени, ниту се подготвени да ги усложат проблемите. Се гради по црвен фидик за прв пат во државата, и по модел проектирање, дизајнирање и изведба. Како се граделе порано, и како сега? Ние имаме автопатско решение кое што е децениско, Кичево-Охрид, никако да се заврши, но не знам дали граѓаните знаат дека последните инфраструктурни се одобрени минатата година во март 2022. Замислете во 2016 година е почнат проектот, имало нула од проект. Шест години требало да се крцкаат по канцеларии, по различни служби, и замислете во 2022 година се решаваат сите инфраструктурни проекти, истакна Битиќи.

Според него, новите законски решенија го решаваат овој проблем, и нема да се чека толку долго. (Крај)

извор: Click Plus/Тв21 фото: Тв21

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука