Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес претпладне сончево време со услови за локални врнежи од дожд попладне и температура до 16. степени

Охрид, 22. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претпладне сончево време со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 16. степени.

– Во следните денови во попладневните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер. Постабилно ќе биде во текот на утрешниот ден, кога само на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука