Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Св. маченик Евпсихиј

Охрид, 22. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар) денеска е 9-ти април, денот кој православните верници го слават во чест на Св. маченик Евпсихиј.

Мачеништвото на Евпсихиј паѓа во времето на владеењето на Јулијан (361-363 година), кој заради отпаѓањето под христијанството и враќањето на идолопоклонството во историјата стана познат по прекарот Отстапник. Евпсихиј потекнувал и живеел во Кесарија Кападокиска и од дете бил воспитан во христијанството.

Кога станал полнолетен се оженил. Се случило, денот на неговата свадба да се поклопи со денот кога во овој град се принесувале жртви во чест на идолот на Среќата (Фортуна). Поттикнати од древноста кон Бога, Евпсихиј со уште некои христијани го урнале идолот, а потоа, знаејќи што ги чека почнале да се подготвуваат за мачеништво.

Свети Евпсихиј бил затворан, мачен и најпосле му била отсечена главата. (Крај)

извор: МПЦ-ОА/МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука