Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 19. степени

Охрид, 24. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност.

Максималната температура ќе се искачи до 19. степени.

– До средината на следнава недела времето ќе биде променливо облачно. Денес и утре во попладневните, а во среда претежно претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Од среда ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер што најпрвин ќе ги намали дневните температури за неколку степени, а посвежо ќе биде и во четврток и петок наутро, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука