ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Христијана Парулеска најдобра кадетка на Европското Првенство во традиционално Таеквондо во Италија

Охрид, 23. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Христијана Парулеска од Таеквон-до клубот Hwa rang ITF од Охрид е прогласена за најдобра кадетка на Европското првенство во Таеквондо во Италија.

Руџиеро Ланоте, организатор на Европското првенство, како претседател на Италијанската Теквон-до Федерација при EITF, лично и’ го врачи на Христијана Парулеска пехарот за најдобра кадетка на Европското Првенство, како освојувач на два медали во форми и борби.

– Честитките беа дотолку позначајни што беа лично искажани и од Претседателот на Европската федерација – EITF како и од сите останати присутни членови на Интернационалната Теквон-до Федерација- ITF. Ваква гордост и вакво чувство како селектор на репрезентација им посакувам на сите селектори во секој спорт во Македонија, вели селекторот на Македонската Репрезентација Марјанчо Лазарески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука