Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Воска Спорт со пресврт во судиското надополнување ја однесе победата над Вардар

Охрид, 24. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Воска Спорт во судиското надополнување со два гола успеа да стигне до победа над Вардар и со 2:1 го освои дербито за директен влез во Прва лига.

Натпреварот го отвори Вардар, откако Јорго Папули постигна гол за 0:1, резултат со кој се замина на полувреме. Во второто полувреме охриѓани креираа шанси, но на секоја нивна шанса фалеше реализација.

Додека траеше судиското надополнување од шест минути, кога сите мислеа дека тука е крајот, Ален Јашароски во 91. минута постигна гол за 1:1.

Само две минути подоцна, Ермедин Адем, во 93. минута ја затресе мрежата на Гачевски, за победа на екипата на Воска Спорт и конечните 2:1. (Крај)

извор: mnet.mk фото: курир

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука