Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Се подготвува закон за регулација на медиумите, во Охрид „преживеаја“ само една радио станица и една телевизија

Скопје/Охрид, 24. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Првата фаза од измените на Законот за аудиовизуелни медиумски услуги е заокружена и ќе биде поставен на Е-Влада. Тоа ќе се направи со цел да се изгласа што поскоро за да се испочитува зададениот рок – 31 мај годинава за да не се изгуби пристапот до фондовите од Креативна Европа, најави министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Измените се однесуваат на финансиите за јавниот сервис МРТ и се прави анализа со којашто се планира да се намалат сегашните средства во износ од 1 процент за МРТ што се предвидени доколку не се загрозува Буџетот на државата. Сега се анализира да се најде решение, но нема да биде еден процент, посочува Алиу.

Со законските измени ќе се понуди и решение за регулација на мултимедијалните содржини (текст, аудио, видео). Порталите во оваа фаза не се опфатени и ќе влезат во ново решение. Првичните размислувања се тие да имаат регистрирана фирма во државава, како и минимум еден вработен како директор и уште двајца за работен процес.

Нестабилната состојба во овој сектор годиниве наназад, направи Охрид, од една од најбогатите медиумски заедници, барем по бројност, денеска да останеме само на една радио станица и една телевизија кои ги „преживеаја“ сите турбуленции. Тоа се локалното Супер радио, кое и понатаму останува водечки медиум во регионот, според официјалните анкети и ТвМ телевизија. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука