Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Овој петок Охрид ќе биде домаќин на регионален натпревар од Првата Национална Олимпијада за Вселената

Охрид, 25. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Овој петок, 28-ми април, Охрид ќе биде домаќин на регионален натпревар од Првата Национална Олимпијада за Вселената.

Може да учествуваат ученици од Охрид, Дебар, Дебрца, Вевчани, Кичево, Македонски Брод, Пласница, Струга и Центар Жупа. Истите ќе можат да се пријават преку официјалниот формулар за аплицирање.

Охрид е трет град од предвидените пет каде ќе се одржува ваков настан. Претходно регионални натпревари се одржаа во Гостивар и Штип. Големото финале ќе се одржи во Скопје во септември.

Организаторите на овој настан, ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и Фондација Голдилокс Скопје, со поддршка на Амбасадата на САД, имаат за цел да го поттикнат интересот кај учениците за STEАM вештини и да им дадат можност да станат „Граѓани Научници“ преку трансфер на знаења и искуства од претходни учесници и ментори на хакатоните NASA Space Apps Challenge. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука