Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Охридски занаетчии дел од „Деновите на филигранство и накит“ што на 4-ти мај се отвораат во Скопје

Охрид, 27. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридски занаетчии ќе бидат дел од манифестацијата „Денови на филигранство и накит“ што од 4-ти до 7-ми мај се отвораат во Скопје.

Настанот е во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со Занаетчиска комора Скопје, а ќе се претстават 23 „артизанс“ индивидуалци – уметници.

Ова е единствена можност на едно место да се видат рачно изработени уметнички форми на накит од сребро, бакар, челик, преку епоксидна смола, чисто сребро 925, полимерна глина, до керамика, плексиглас и мурано стакло.

Најголем дел од креативците изработуваат филигран, како најделикатна и елегатна форма на накит, а ќе се претстават и учесници кои создаваат шарени и весели приказни во форма на накит за стилски сонувачи и храбри луѓе. Во секој детал на уникатните парчиња накит е втиснат креативниот и авторски труд на овие 23 уметници.

МАРТА ПЕЈОСКА: Дизајнерката и архитектка на накит отвори свое  ателје-галерија во Охрид - Stylist

Настанот ќе се случува четири денови на приземјето во Скопје Сити Мол и ќе се претстават следниве артизани: Катарина Дода – KD Jewelry, филигран од сребро, кој досега е претставуван на фестивали за зачувување на традиционалните занаетчиски производи во САД, Аргетина, Шпанија, Оман, Узбекистан, Порторико… и на истите е наградувана за најдобро дизајниран и изработен накит; Светлана Ивановска – „Арт Студио С“, понесена од геометриските форми и природата создава софистицирано парче накит, направено од различни материјали и техники, а жицата е основа во секое парче; Кристина Мауровска Темкова – „Студио Кристина“ ќе се претстави со накит изработен од бакар, медицински челик и сребро во комбинација со полудрагикамења; Елена Поповска –„Мај Прешс“, го комбинира филигранот, месингот и бакарот и преку различни техники ја доловува приказната за убавината на природата; Марина и Елена Јакшиќ-„Ателје Сиена“ изработуваат парчиња на рачно насликан накит, залеан со епоксидна смола и рачно изработен накит од сребро и филигран; Александра Атанасовска – „МОRPHO“ е искрен поклоник на филигранот и ги компилира занаетот, мајсторска умешност, културно наследство, создавајќи накит од сребрена и златна испреплетена жица, Маја Донева на уникатен начин ги употребува техниките филигранството и ќустек во своите креации; Миранда Дема – Coral Jewelry е бренд специјализиран во рачно изработување на персонализиран накит од чисто сребро 925; Јулијана Илиевска – Џули Декупаж изработува накит од полимерна глина и епоксидна смола со суви цветови, рачно везени и шиени модни додатоци;

ATELIER MARTA PEJOSKA (Ohrid) - 2023 Qué SABER antes de ir

Архитектот Марта Пејоска, креира во полето на дизајнот и ја користи сребрената жица како медиум. Преку филигранската техника раскажува своја архитектонска приказна, на еден модерен начин;Лада Шоптрајанова Петровска – „Filigree LARGO“ изработува сребрен накит во традиционална филигранска техника, но со нетрадиционален дизајн. Таа е виолинистка, па низ нежната структура на сребрените жици протекува музика; Милица Гавриловска – „Equilibrium.fine.arts“, секое парче накит е асиметрично, апстрактно, аморфно во изгледот и дезенот, изработен од епоксидна смола и полимерна глина, со специфичен микс на нијанси и бои;  Елеонора Дулјанова –Small piece of joy, изработува накит од керамика и кожа. Нејзините дизајни се шаренолика палета од оригинални парчиња; накитот на Марија Таировска – Marcy’s handmade е експлозија од шарени и весели приказни за стилски сонувачи и храбри луѓе; Емина Амит– Ателје Месечина, изработува филигран во комбинација со школки,а за дел од накитот користи стари пари-кованици од коисоздава прстени и обетки во комбинација со сребро и камчиња вокомбинација со бакарна или алуминиумска жица; Ивана Кондратенко – ARTNOK ќе се претстави со обетки, кои имаат специфичен дизајн, 2Д и 3Д формат, изработени од полимерна глина и елементи оддрво, стакло и метал; Милена Станковска – BRUMA е спој на филигранска техника и современ израз, збогатен со традиционални и нови техники, кои доаѓаат од далечни краишта, како што се „keum-boo“ и „fold-forming“;според Татјана и Борче Богоевски – Керакамика, глината е таа што ја апсорбира убаватаенергија. Користат природни еколошки и безбедниматеријали и создаваат персонализиран накит, брошеви, обетки и ланчиња; Данче Наумоска – КОППЕР АРТ креира накит од бакар и месинг,при што користи разнитехники,како посребрување,патинирање и боење; Дијана Тодоровски – Добро ми Стои“ создава современи формиод сребро, кои ги комбинира со месинг и бакар, а креациите се поврзани соприродата и животинскиот свет; Катерина Јовановска – Stardust Kejt Rakotvorbi ќе се претстави со накит од епоксидна смола и полимерна глина во едноставни, нежни,пастелни комбинации, едновремено и авангардни, живописни и цветни дизајни; Блашка Миева –Freya Fashion Jewellery”, прави накит од плексиглас и полимерна глина. Секое парче е рачно сликано, каде формата се третира скулптуралнои апстрактно и Ибро Ибраим –Филигран Ибро“ ќе се претстави со традиционален филигран. (Крај)

извор: stylist.mk/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука