Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Завод и Музеј Охрид со тековни активности за одржување на Античката римска печка на патот Охрид-Св. Наум

Охрид, 27. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во тек се активности за реализација на проектот „Тековно одржување на античката печка“, финансиран во рамки на Годишната програма за проекти финансирани од Министерството за култура.

– Античката римска печка е на две нивоа, од кои првото ниво служело како ложиште, додека пак, второто ниво служело за производство на тули, информираат од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.

Оваа печка се наоѓа на пет километри од градот Охрид, на патот за Св. Наум Охридски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Завод и Музеј – Охрид видео: Охрид1

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука