Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Kомедијата „Несфатената цивилизација“ вечерва повторно пред охридската публика

Охрид, 28. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва репризно ќе биде изведена најновата претстава на Народен театар Охрид, гротескна комедија во два чина „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников.

Режисер на претставата е Софија Ристеска Петрушева, а во неа играат Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Ивица Цонев и Филип Кипровски.

Можно е да е слика од 3 луѓе

Билетите се продаваат по цена од 250 денари. Почетокот на претставата е во 20:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука