Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Реконструкција на зградата на подружницата на ЈП „Национални шуми“ во Охрид

Охрид, 28. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Се реконструира административната зграда во подружницата „Галичица“ во Охрид.

Согласно инвестиционата програма за 2022 година, ЈП „Национални шуми“ преку постапка за јавна набавка, спроведе демонтажа и монтажа на нови ПВЦ прозори и врати на управната зграда во подружницата „Галичица“ во Охрид.

Нема опис за фотографијата.

Нема опис за фотографијата.

– Инвестицијата е вредна 400.000 денари, исклучиво од сопствени средства и е во делот на реконструкција на објекти во сопственост на јавното претпријатие. Адаптацијата на управната зграда во Охрид е уште еден реконструиран објект во сопственост на претпријатието. Со оваа адаптација ќе се подобрат условите за работа на вработените, како и квалитетот на работната средина во управната зграда, која се реконструира после подолг временски период, соопштија од претпријатието.

Додаваат дека инвестиционите вложувања продолжуваат и во останатите подружници. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука