Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Покрај стипендиите, Општина Охрид воведува и парични награди за учениците и нивните ментори кои постигнале успеси на државни и меѓународни натпревари

Охрид, 17. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Покрај стипендиите, од Општина Охрид информираат дека се воведуваат и парични награди за учениците и нивните ментори кои постигнале успеси на државни и меѓународни натпревари на натпреварите во знаење по наставните предмети.

– Воведуваме нова мерка за поддршка на талентираните ученици и нивните ментори. За првпат оваа година општина Охрид покрај стипендиите кои ги доделува за учениците од општинските основни и средни училишта и традиционалното доделување на награди за постигнати успеси по повод 24-ти мај денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ ќе се доделат и парични награди за учениците од основните и средните училишта во општина Охрид и нивните ментори кои постигнале успеси на државни и меѓународни натпревари на натпреварите во знаење по наставните предмети. Ќе се доделува парична награда и за првенецот на генерацијата избран од страна на наставничкиот совет на училиштето. За таа цел е донесен правилник во кој точно се утврдени критериумите, начинот и постапката за доделување на наградите кои дополнително го вреднуваат успехот на учениците. Постапката ќе се спроведе во текот на месец јуни во соработка со општинските основни и средни училишта,

Повеќе информации ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука