Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Приведен дилер на дрога од Охрид

Охрид, 1. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 31-ви мај 2023 година, во 19:10 часот на крстосница од булевар „Македонски просветители“ со улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 54-годишниот С.Н. од Охрид.

– Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил пакување со кафеава прашкаста материја и се обидел да ја уништи. Од него било одземено ќесе со траги од кафеава прашкаста материја. Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени дигитална вага и повеќе предмети со траги од кафеава прашкаста материја. С.Н. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука