Избор Локална самоуправа

Седмо издание на атлетскиот викенд „Охрид Трчат“

Охрид, 2. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Рекордни 1.930 учесници од 28 држави ќе бидат дел од седмото издание на атлетскиот викенд „Охрид трчат 2023“, што од 2-ри до 4-ти јуни 2023 година ќе се одржи во Охрид.

– Сите ние сфаќаме колку е значајно спортувањето и физичката активност, како и дружењето и рекреирањето. Годинава имаме рекорден број учесници на „Охрид трчат“, а овој настан претставува и најава на претстојната туристичка сезона. Странските учесници на настанот одблиску ќе го запознаат Охрид и неговата убавина, секако и изобилството на историски и културни знаменитости. Верувам дека покрај настанот „Охрид трчат“, ќе не посетуваат секоја година, порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

Тој потсети дека во август ќе се одржи „Фестивал на водени спортови“.

– Се надевам дека ќе е добар пример и дека таа манифестација ќе го следи успехот на „Охрид трчат“ овие седум години. И се надевам дека овие две манифестации ќе имаат удел во вкупната бројка на туристи кои ќе не посетат првично поради манифестациите, а потоа и за уживањето во убавините на Охрид, истакна Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука