Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Малолетен пешак тешко повреден во сообраќајна незгода на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид

Охрид, 2. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 1. јуни 2023 година, во 19:10 часот било пријавено дека во Охрид, на улицата „Ванчо Питошески“, патничко возило марка „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на Н.Р.М. (35) од Охрид удрило во малолетен пешак од Охрид.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука