Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Најдобрите и во јуни соработуваат со најуспешните: Валео и ракометарите на ГРК „Охрид“ до подобро здравје и повисоки спортски резултати (Видео)

Охрид, 5. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Најдобрите и во текот на јуни соработуваат со најуспешните. Центарот за физикална терапија „Валео“ и ракометарите на ГРК „Охрид“ заеднички до подобро здравје и повисоки спортски резултати.

– За нашите најдобри ракометари, обезбедивме третирање на повреди, физикална терапија и комплетна рехабилитација. Не дозволувајте болката да ве оддалечи од квалитетниот живот. До подобро здравје со клинички докажани методи и техники за физиотерапија. Задоволните пациенти се нашиот најголем успех. Да ја победиме болката заедно, порачуваат од „Валео“.

Додаваат дека во текот на јуни ќе биде спроведена кампања со дел од најдобрите ракометари на ГРК „Охрид“, за промоција на спортот, здравиот начин на живот и секако бенифитите кои ги има овој вид терапија.

Центарот се наоѓа на улица „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“, а сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на телефонот 071/506-818. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видеo: Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука