Избор Локална самоуправа

Комплетирано партерното уредување на тротоарските површини на улица „Славеј планина“

Охрид, 6. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Завршија активностите за партерно уредување на тротоарските површини на улица „Славеј планина“.

– Вкупно беа поставени 390 метри квадратни бехатон плочки, а вредноста на зафатот изнесуваше 690.000 денари. Активностите ги изведуваа екипи на ЈП „Нискоградба“, информираат од охридската локална самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука