ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Кристијан Шишкоски од ОСУ „Св. Климент Охридски“ ќе ја преставува Македонија на олимпијада по физика во Токио

Охрид, 6. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Кристијан Шишкоски, ученик од четврта година при ОСУ „Св. Климетн Охридски“, заедно со уште четворица ученици, е избран да ја претставува Република Македонија на 53-тата Меѓународна олимпијада по физика која ќе се одржи од 10-ти до 17-ти јули 2023 година во Токио, Јапонија.

– Селекциониот натпревар се одржа на 29-ти мај 2023 година во организација на Друштвото на физичари на Република Македонија каде беа поканети 25 ученици, кои покажале најдобар резултат на државниот натпревар по физика, да земат учество. Според покажаните резултати, матурантот Кристијан Шишкоски влезе во групата од петте најдобри ученици кои ќе ја претставуваат нашата земја на претстојната меѓународна олимпијада во Токио. Честитки за Кристијан и му посакуваме успех во претстојното натпреварување, потенцираат од ОСУ „Св. Климетн Охридски“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука