Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Промовирана збирката поезија „Тие Доаѓаат“, создадена од учениците од основните и средните училишта во Охрид

Охрид, 9. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во просториите на Општина Охрид, денес, беше промовирана збирката поезија „Тие Доаѓаат“, создадена од учениците од основните и средните училишта во Охрид, за која издавач е Општина Охрид.

– Книгата е поделена во два дела и тоа прв дел се песните од учениците од основно училиште, додека вториот е резервиран за учениците од средните училишта. Збирката вкупно брои 55 песни, од кои 43 се од основците, а 12 од средните училишта. Промотор на книгата беше Славе Ѓорго Димоски, а главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски. Тиражот на изданието брои 200 книги. Во име на Општина Охрид присутните ги поздрави заменик градоначалникот Перчо Божиновски. Меѓу кориците на книгата расеани се никулците кои се фатиле во костец со јазикот, кои ќе продолжат да ја разгоруваат јазичната искра и ќе го развиорат духовниот оган на македонскиот јазик. Зошто како што ќе рече ценетиот Блаже Конески Јазикот е единствена наша татковина. Се додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе можеме да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште. Авторите на прекрасните поетски творби се токму нашите паметни дечиња кои затропале на триумфалната порта на литературата, бидејќи влегувањето низ неа бара многу мака, обврски, откажувања, предизвици, информираат за делото од локалната самоуправа.

May be an image of 4 people and people smiling

Инаку, ова е втора книга „Тие Доаѓаат“, а првата беше објавенa во 2006 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука