Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведен 20-годишен стружанец кој на улицата „Железничка“ физички нападнал полициски службеници

Охрид, 9. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми јуни 2023 година, во 22:10 часот на улицата „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 20-годишниот В.Г. од Струга затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

– Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука