Забава Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Многу музика и забава: „Малите Ѕвездички со К-2“ на 14-ти јули на малиот плоштад кај „Мини маркет“

Охрид, 11. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Манифестацијата „Малите Ѕвездички со К-2“ годинава повторно ќе ги изненади најмладите со нешто сосема ново.

– Годинава тоа е локацијата на која ќе се одржи, односно малиот плоштад кај „Мини маркет“, до музичкото училиште. На оваа сцена, кај малечкото Амфитеатарче ќе ве забавува водителот Ка – Двојче, а со музички нумери ќе настапат малите „К-2 ѕвездички“, кои ќе Ви ги испеат нивните хитови, информираат организаторите.

Додаваат дека ќе има доделување и дипломи за учесниците и за дечињата – охриѓанчиња кои постигнале успеси на полето на науката, културата, уметноста, спортот.

– Бидејќи сме дел од еден поголем проект, на истото место потоа ќе има tribute концерт на групата „Вентолин“. Ве чекаме на 14-ти јули, со надеж за добро и стабилно време, порачуваат од „Малите Ѕвездички со К-2“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука