Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Атлетичарот Јован Стојоски на подготовки во Охрид, ќе учествува на Европско екипно првенство во Полска

Охрид, 13. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Атлетичарот на АК „Охрид“, Јован Стојоски во Охрид ја „билда“ формата за учество на Европското екипно првенство што претстојниот викенд ќе се одржува во Силесиа, Полска.

Стојоски на ова првенство ќе биде дел од македонската репрезентација, заедно со охриѓанецот Стефан Стефановски. Поради повреда, во Полска нема да патува Блаже Љушев.

Јован Стојоски како член на АК „Охрид“ и како дел од македонската репрезентација има учествувано на бројни атлетски митинзи, на трки во сала и на отворено, Купови, Балкански Европски и Светски првенства и е носител на неколку државни рекорди.

Атлетичарот Јован Стојоски единствен македонски претставник на Светското првенство во Србија
Во февруари лани собори македонскиот државен рекорд стар 35 години во дисциплината 400 метри во сала, на атлетскиот митинг во Будимпешта. Стојоски истрча за време од 47,18 секунди, со што успеа да го надмине својот поранешен тренер Исмаил Мачев кој на истиот митинг во 1987 година истрча за време од 47,49 секунди и три и пол децении го држеше државниот рекорд во оваа дисциплина.

Јован Стојоски денес трча 400 метри на Мундијалот во Доха

Лани постави и нов државен рекорд на 100 метри, на 26-от Меѓународен атлетски митинг во Бар, Црна Гора патеката ја истрча за 10.59 секунди, со што го сруши претходниот национален рекорд 10.61 секунди, а за 11 стотинки го подобри и својот личен рекорд.

Во 2021 година ја претставуваше Македонија на Летните Олимписки Игри во Токио, во дисциплината 400 метри. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука