ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Пецаков за „Студио 10“: Поради градежните активности на влезот на Охрид, туризмот губи многу

Охрид, 13. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Д-р Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид, во своето гостување во „Студио 10“ на Телевизија 24 зборуваше за темата која беше актуелна изминатиов викенд, а е поврзана со Охрид, блокадата на влезот на градот која се случува поради градежни активности.

– Со започнувањето на овие градежни активности сега пред почетокот на туристичката сезона, се губи многу во туризмот. Со оглед на тоа што покрај мене оние кои го потпишаа тоа барање, а од друга страна оние коишто имаа доста погласни реакции од мојата со посочување на пластични примери околу затворањето на градот, а и реални примери што се соочиле во овие неколку дена, би рекол дека туризмот губи многу. Сето тоа можеа да го завршат и претходно, но се одлучија сега. Зошто и како, тоа прашање ќе мора да го поставите и вие како новинари, да дадат логичен одговор зошто сега, која е разликата што посебно ова не се последни километри од изградба на автопатот, туку ова е едно од спорните точки од околу 30 или 40 кои сеуште не се завршени на автопатот, рече Пецаков.

Тој порача дека културно, со разбирање ќе побараат овие градежни активности на влезот на Охрид да не се одвиваат сега пред почетокот на туристичката сезона.

– Наше е да се избориме, повторно со замолница, со културно, со разбирање, едноставно мораме да имаме разбирање за ова. Најбитната работа е не дека како на Кирил како градоначалник му текнало, за ова имавме реакции од луѓе засегнати директно кои што ги гледале, дополнително Брзата помош, пристапноста до Центарот за трауматологија до Центарот за кардиоваскуларни заболувања. Јас не знам какви се уште предизвици не чекаат пред нас во овие следни 30-40 дена, доколку го испочитуваат рокот, а притоа не са отвори главниот влез во Охрид, вели Пецаков. (Крај)

извор: Тв 24 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука