ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Пецаков: Се постигнаа добри суми по јавното наддавање за закуп на урбана опрема, шанкови во Охрид

Охрид, 13. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Се постигнаа добри суми по јавното наддавање за закуп на урбана опрема, шанкови во Охрид, кои на годишно ниво, барем оваа прва година ќе достигнат колку приходот од туристичка такса собрана мината година, изјави за „Студио 10“ на Телевизија 24 градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Комисијата издаде можност за издавање на 14 локации за поставување урбана опрема.

– Ќе има шанк од 8 или 10 квадрати зависно од површината што се изнајмува, треба да биде од природни материјали како дрво итн и урбана опрема, поставување маси и столици врз основа на увид од комисија. Локациите требаше да исполнуваат три услови: приклучок за вода, приклучок за струја и секако приклучок на колектор, рече Пецаков.

Тој потенцираше дека како општина се задоволни од приходот остварен по овој основ, Охрид е подготвен да ги пречека туристите, а луѓето ќе имаат можност каде да се рекреираат.

По две години пауза, Општина Охрид во мај оваа година распиша оглас за поставување урбана опрема – шанкови во Охрид за периодот 2023-2026 година. На повикот пристигнаа вкупно 59 понуди, од кои 49 беа со комплетна документација.

Нема достапен опис.

Најголемо внимание очекувано привлекоа локациите кои се најблиску до градот, каде и претходно имаше популарни објекти. Дел од нив на јавното наддавање ги добија оние кои последно стопанисуваа со истите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука