Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Осмо издание на Аматерскиот младински театарски фестивал „Вдиши театар“

Охрид, 14. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид, од денеска до недела, 18-ти јуни 2023 година ќе се одржи осмото издание на Аматерскиот младински театарски фестивал „Вдиши театар“.

Вечерва, со почеток во 21:00 часот, театарската група при Црвен крст Охрид ќе ја одигра претставата за исповедта на жртвите на еден систем и нивните животни предизвици „Бара“. Сценариото и режијата се на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц. Играат: А. Мојсоска, А. Карали, Ѓ. Целески, К. Крежевска, К. Ристески и С. Јаковлева.

Утре, четврток, 15-ти јуни, на истата локација, во предворјето на црквата „Св. Софија“, театарската група при Црвен крст од Суботица, Србија, ќе ја одигра претставата за врсничко насилство и последиците од него „Била је то само игра“ во режија на Марко Вујевиќ.

Во петок, на 16-ти јуни, на истата локација, во предворјето на црквата „Св. Софија“, театарската група при Црвен крст од Суботица, Србија, ќе ја одигра претставата „Твоју грешку чекају“ од Татјана Џаковиќ, во режија на Лазар Јовичиќ.

Влезот за сите посетители е слободен, а фестивалот е поддржан од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука