Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Второ издание на Етно фестивал „Охрид“

Охрид, 14. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На платото пред НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва со почеток во 20:00 часот, по втор пат, ќе се одржи Етно фестивалот „Охрид“ со концерт на Александар Јовевски, насловен „Од колено на колено“.

Истоимениот албум e нов музички етно проект на Александар Јовевски на кој базата е македонскиот фолклор, традиција и идентитет, како проект од национален интерес. На концертот ќе бидат застапени народните инструменти: кавал, тамбура, канон, како и женски вокали. Истиот ќе биде збогатен со клавијатури, перкусии и бас гитара. На концертот ќе бидат изведени обработки на стари македонски изворни песни како што се „Бај Никола“, „Изникнало криво крувче“, „Сношти го видов мамо мори убавото Стојне“, „Ајде мала Стана болна лега“. Ќе биде изведена и авторска музика и тоа шест авторски композиции творени во духот на македонската традиција, но со нов музички израз и тоа „Tамбурски вез“, „Кавал гали“, „Игра на инструментите“, „Длабочина“, „ЈовАнина“ и „Александров танц“. Музиката од овој албум е уште еден нов музички проект во светски размери, со нова модерна музичка нишка, кој ќе создаде една убава енергија и повеќе слушање на македонска музика и испирација за помладите генерации се повеќе да ја негуваат, сакаат и слушаат истата, информираат организаторите.

Етно фестивалот е организиран од Здружението за интегриран развој „Арт Пријатели“ со поддршка од Општина Охрид. Влезот за сите посетители е слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука