Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Почнува летниот распуст и за основците

Охрид, 14. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од денес започнува летниот распуст и за учениците од основните учлишта.

Основците имаа плус три работни дена за разлика од средношколците кои учебната година ја завршија на 9-ти јуни. Пролонгирањето се случи поради продолжениот зимски распуст и стартот на второто полугодие на 23-ти наместо на 18-ти јануари.

Она што ја одбележа оваа учебна година беше недостатокот на учебници, справувањето со енергетската криза и дојавите за поставени бомби, за среќа лажни.

Во пресрет на уписите во средните училишта, министерот за образование Јетон Шаќири, упати апел до деветтоодделенците да се фокусираат на средното стручно образование, посочувајќи дека со ваква диплома полесно ќе може да се вработат, но и ќе имаат добра основа за понатамошно академско образование.

Матурантите, пак, имаат за полагање уште два предмети од државната матура. Првиот испит е утре, а последниот на 21-ви јуни. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука