Струга, 14. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Заедно да работиме за да ги надминеме економските и еколошките предизвици, закани кои имаат далекусежни последници и предизвикуваат пошироки безбедносни ризици за целиот регион на ОБСЕ, порача денеска од Струга мининстерот за надворешни работи во Владата на Република Македонија Бујар Османи од годинешната Конференција на економската и еколошката димензија на ОБСЕ – „Промовирање на безбедноста и стабилност во областа на ОБСЕ преку одржлив развој и отпорен и инклузивен економски раст“.
– Руската Федерација одби да одобри оваа конференција да се организира со консензусна одлука на 57 земји, па затоа бев принуден да ја организирам како настан на претседавачот. Повеќе од 45 земји учествуваа во Струга, а некои од нив го поддржаа настанот во отсуство. Потребно е да преземеме ефективни мерки и да спроведеме економски планови кои промовираат одржлив развој во регионот на ОБСЕ. Нашите заеднички напори ќе овозможат инклузивен економски раст, порача Османи.
На конференцијата учествуваат претставници од Република Македонија, земјите-учеснички на ОБСЕ и граѓанскиот сектор кои ќе дискутираат за следниве значајни теми и приоритети на македонското Претседавање со ОБСЕ: зајакнување на доброто владеење, анти-корупција, предизвиците од климатските промени, енергетска безбедност и како заеднички да постигнеме одржлив развој и стабилен економскиот раст кој истовремено ќе овозможи заштита на животната средина, како и благосостојба на луѓето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива