Струга, 14. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, во Струга се случија две сообраќајни незгоди во Струга, повредени две лица од Прилеп и Холандија.
Вчера, во 12:45 часот, во Полициската станица Струга пријавено е дека на улицата „ЈНА“ во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило марка „Фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 39-годишниот А.Л. од Охрид и мопед со струшки регистарски ознаки, управуван од 44-годишниот М.Д. од Прилеп, со место на живеење во Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д. констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид иззврши увидна екипа од Полициската станица во Струга Струга.
Во друг случај, на 13-ти јуни 2023 година, во 14:30 часот, на кружна крстосница од улиците .„Партизанска“ и „Маркс Енгелс“ во Струга, 72-годишниот Ј.Ц.В.Р. од Холандија, управувајќи мотоцикл марка „Хонда“ со холандски национални ознаки излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, 72-годишната Ф.Ц.В.Р. од Холандија констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од полициската станица Струга. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес