јуни 14, 2023

Струга, 14. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти јуни 2023 година, во 21:00 часот во Полициската станица во Струга бил извршен службен разговор со 50-годишниот А.Н. од струшкото село Велешта, затоа што, како што е пријавено, околу 12:15 часот во близина на Спортска сала на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз 45-годишниот Б.К. од селото Лабуништа.

– Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветен поднесок, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука