Забава Избор

SUPER Fresh music: Alesso – Without You

Охрид, 15. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Светската музичка сензација и едно од водечките имиња во електронската музика Alesso, се враќа на своите прогресив house корени со носталгичен сингл наречен „Without You“.

Младиот диџеј гради музичка тензија со силни битови кои постепено избиваат во моќна мелодија, која ги потсетуваше слушателите на неговите претходни хитови. Новата песна беше избрана токму од фановите, откако музичарот на своите социјални мрежи и даде можност на публиката да го избере следното издание од трите понудени нумери.

Новиот сингл пристигнува во вистинско време како подготовка за настапите на штотуку започнатата летна турнеја во поголемите европски градови и фестивали ширум светот. Публиката во регионот ќе има можност да го слуша Alesso во живо во сабота, на 8-ми јули во Нови Сад на познатиот Exit фестивал.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука