Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Вечерва годишен концерт на студиото за танц „Соната“

Охрид, 15. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – После четири години, членовите на студиото за танц „Соната“ од Охрид се враќаат онаму каде што припаѓаат – на сцена.

– Денеска ќе се одржи годишниот концерт на кој ќе се претстават сите оние кои изминатиов период напорно работеа и навлегуваа во тајните на класичниот балет, современиот танц, латино танците и хипхопот. Тоа се оние кои изминатиов период тивко, но во исто време гордо го претставуваа Охрид на меѓународни натпревари и секогаш се закитуваа со медали, велат од „Соната“.

На малата сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се организираат два концерти. Претпремиерата е закажана за 18:00 часот, а премиерата од 20:00 часот.

За купување на билети дополнителни информации можете да добиете на телефонот 078/362-484.

Во пресрет на следната танцова сезона која започнува од 1-ви септември, а во која од „Соната“ најавуваат многу патувања, натпревари и концерти ги покануваат сите оние кои сакаат да уживаат во една уникатна мултимедијална претстава која изобилува со неверојатни светлосни ефекти, филм, музика и секако – танц. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука