Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд и температура до 21. степени

Охрид, 16. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), засилен ветер (над 60км/час) и изолирана појава на град.

Максималната температура ќе се искачи до 21. степени.

– Денес ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. На повеќе места ќе наврне поголема количина на воден талог (над 25 l/m2 за 24 часа). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. За време на викендот врнежите ќе бидат локални и проследени со ретки грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер. Од понеделник времето ќе биде стабилно и потопло, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука