Здравје Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Дезинсекцијата против комарци се одложува за вторник, 20-ти јуни

Охрид, 16. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поради неповолни временски услови (ветар и дожд) дезинсекцијата против возрасни комарци која требаше да се спроведе на 12-ти јуни беше прекината и истата се одложува за вторник, 20-ти јуни 2023 година.

– Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека во вторник, на 20-ти јуни 2023 година, екипата на Приматекс ќе спроведат теристичка дезинсекција (од земја ) со цел уништување на комарците. Дезинсекцијата ќе се врши во периодот од 23:00 до 04:00 часот, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука