Здравје Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Институт за јавно здравје: Во мај пријавени пет нови случаи на ХИВ/СИДА, од кои едно лице е од Охрид

Скопје/Охрид, 16. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на месец мај 2023 година, пријавени се пет нови случаи на ХИВ/СИДА, од кои едно лице е од Охрид, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.

– Од пријавените 4 лица се од машки пол, а едно е од женски пол. Две лица се од Гостивар и по едно лице од Штип, Охрид и Велес. Лицата се на возраст од 25 до 44 години. Две лица се МСМ (мажи што имаат секс со мажи), две лица се хетеросексуалци и едно лице е бисексуалец, стои во извештајот.

Од Институтот за јавно здравје додаваат дека во текот на месец мај не се регистрирани смртни случаи од ХИВ/СИДА.

Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи, заклучно со 31-ви мај 2023 година, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Македонија, за периодот 1987–2023, изнесува 602,
и тоа 123 лица кои починале и 479 лица кои живеат со ХИВ/СИДА. (Крај)

извор: Институт за јавно здравје фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука