Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Кај Косел поплавен патниот правец Охрид-Битола

Охрид, 16. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Каналот кој поминува кај магистралниот патен правец Охрид-Битола попладнево доведе до поплавување на потегот кај селото Косел.

Порталот Охрид 1 јави дека, пред 5-6 години екипи на „Македонија пат“, делумно, со рачен алат го изчистиле под магистралата, но не успеале да го пробијат. Проблемот е долготраен, а било пријавувано во текот на минатите години и во „Македонија пат“ Скопје, како и во подружницата на „Македонија пат“ во Охрид и Водостопанство – подружница Црн Дрим, но без никакво решение и одговор на овој проблем со кој се соочуваат Коселчани.

Бараат институциите да го решат проблемот со кој се соочуваат, а во текот на следната недела велат дека проблемот ќе биде пријавен и во Општина Охрид. Како што додаваат, надојдената вода слегува во дворовите, по што самоиницијативно ја расчистуваат.

Во меѓувреме во Охрид продолжува да врне дожд. Од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македоннија (УХМР) и за утре најавуваат претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. (Крај)

извор: Охрид 1 фото: Охрид 1

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука