Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Претседателот Пендаровски во Охрид се сретна со хрватскиот колега Милановиќ

Охрид, 16. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, во вилата „Билјана“ во Охрид оствари средба со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во рамки на Преспа форумот за дијалог 2023.

– Нашите две држави негуваат пријателски односи со континуиран политички дијалог и конструктивна соработка. Покрај за нашата билатерална соработка, разменивме мислења и за македонските евроинтеграции, актуелните состојби во регионот и руската агресија врз Украина, истакна за средбата претседателот Пендаровски.

Тој испрати благодарност за силната поддршката од Хрватска за аспирациите на Република Македонија за членство во Европската Унија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука