Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Заврши осмото издание на Младинскиот аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“

Охрид, 17. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со беспрекорниот настап на театарската група од Црвен крст Крагуевац и оригиналната изведба на претставата „Твојата грешка ја чекаат“, во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид, синоќа беше спуштена завесата на осмото издание на Младинскиот аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“.

– Талентираните крагуевчани на многу креативен и едукативен начин прикажаа како непочитувањето на разликите меѓу луѓето, слабостите, развива агресија и врсничкото насилство. И оваа година Младинскиот аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“ ги исполна очекувањата на организаторот Црвен крст Охрид, а ценејќи според интересот, посетеноста и позитивните реакции и коментари на публиката, овој фестивал го најде и оправда своето место во охридскиот културен простор. Кога на тоа ќе се додаде и можноста која младите целосно ја иаскористија да креираат театарската игра и да ја афирмираат својата талентираност и сплотеност без јазични, или било какви други бариери, силните хумани пораки кои ги упатија преку театарските претстави, контактите и врските воспоставени со меѓусебното дружењето во овие четири дена, со право „Вдиши театар“ претставува препознатлив производ и во земјата и во странство, со кој Црвен крст Охрид се гордее, потенцираат од Црвен крст Охрид.

Изразуваат искрена благодарност до учесниците на фестивалот, до публиката, до волонтерите и вработените во Црвен крст Охрид, до медиумите, до општина Охрид и до сите институции, фирми и поединци кои го овозможија, поддржаа и помогнаа одржувањето на фестивалот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука