Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Генерацијата 1974/75 одбележува 30 години од матура

Охрид, 17. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – По повод 30 годишнината од матура на генерацијата 1974/75, кои матурирале во 1993 година, се организира прослава во сабота, на 1. јули 2023 година, во ресторанот „Ана Марија“, во населбата Рача.

– Почетокот е закажан за 20:00 часот, а потоа забавата ќе продолжи во ноќниот клуб Rebel. Прославата се однесува за сите средни училишта од Охрид: ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Гимназија, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Економско, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Угостителско, информираат организаторите.

Билетите ќе се продаваат во ограничен период, од понеделник 19-ти до четврток 29-ти јуни, во продавницата „Домино“, во малата скалеста зграда, на булевар „Туристичка“ бр. 36, на пресекот со улицата „Даме Груев“, секој ден од 10:00 до 20:00 часот.

– За незаборавните спомени од некогаш и за најубавите кои се пред нас, порачуваат организаторите кои  апелираат до сите заинтересирани да купат билети што порано и да не чекаат до последните денови, за да се избегнат проблеми со финалните подготовки.

За сите подетални информации во врска со прославата, сите заинтересирани можат да се информираат во продавницата „Домино“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука