Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Четврто по ред успешно издание на Планинско-Езерскиот фестивал „Охрид-Галичица 2023“

Охрид, 19. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Позитивна енергија на Галичица. По четврти пат Mountain Maddness реализира уште еден успешен фестивал, за што испраќаме благодарност до сите учесници. Многу насмеани лица на едно место. Се гледаме во септември – есен на „Магаро“.

Вака го прогласи за затворен Планинско-Езерски фестивал „Охрид-Галичица 2023“ еден од главните „виновници“ за истиот Жанко ЗШ Голабоски, кој заедно со Мишко Танески се моторот кој го движи овој настан.

Авантуристичкиот клуб Mountain Madness по четврти пат организираше незаборавен викенд со многу авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање.

May be an image of 5 people

Авантурата започнува во саботата со велосипедска тура околу Охридското Езеро и на локации покрај езерото. Оваа тура се организира со цел да се одбележи денот на Охридското Езеро (21-ви јуни). Авантурата продолжи во попладневните часови со логорување во месноста „Корита“ каде се организираше камп со логорски оган и уживање со звуците на гитарата. Главниот настан, искачување до врвот „Магаро“ се одржа во неделата од 08:00 часот. Акцијата започна со стартна точка од месноста „Липова Ливада“ на 1.600 мнв.

May be an image of 6 people, mountain and text that says 'PD KONJUH LA'

Во склоп на овој фестивал предвидено е уште едно искачување на „Магаро“ кое ќе случи на крај на септември почеток на октомври.

May be an image of 9 people, people climbing and text

Организаторите исраќаат благодарност за поддршката до Општина Охрид, НП „Галичица“, но и бројните помагатели, фирми и луѓе што го поддржуваат овој фестивал. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука